×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Четири ученика и еден возрасен утринава каснати од куче во центарот на Куманово

    13.03.2023 10:16 | Оливера Пешевска

    Тројца ученици од Основното училиште „Крсте Мисирков“ , еден ученик од Течничкото училиште „Наце Буѓони“ и еден возрасен кумановец,  утринава биле каснати од куче на улицата „Народна Револуција“ во центарот на Куманово. 

    Четири ученика и еден возрасен утринава каснати од куче во центарот на Куманово

    Според очевидци, настанот се случил додека децата биле на голем одмор и купувале доручек во пекарницата спроти училиштето.  Кучето било агресивно и без причина трчало кон луѓето и ги напаѓало. 

    Сите повредени се пренесени во Кумановската болница каде им е пружена лекарска помош. Од таму за Кумановоњуз потврдија дека кај нив се донесени 5 лица со повреди по телото предизвикани од каснување од куче.

    Граѓани кои се затекле на улицата кажуваат дека сите се нападнати од поголемо бело куче, најверојатно чувано, кое имало ременче околу вратот. Дали се работи за скитник кое е пуштено на улица, или за расно куче кое избегало од дома допрва ќе се утврдува.

    Случајот е пријавен во СВР Куманово и местото го обезбедува полициска екипа.