Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Kumanovonews, првиот електронски весник во градот денеска слави 4 години постоење и успешна работа.
Изминатите години со нашата посветеност и професионалност, понудивме современ начин на информирање, кое во секој момент е достапно на граѓаните. Истовремено се наметнавме како сериозен и објективен весник, градејќи го мостот на доверба и соработка со Вас читателите.
Посетеноста на порталот секојдневно расте што ни дава поттик и понатану да продолжиме со збогатување на нови содржини и новинарски продукти, кои се од интерес на јавноста.
Kumanovonews, денес достигна посетеност од над 7 000 читатели дневно, а нашите инфoрмации ги следат не само граѓаните на Куманово, туку и останатие од земјите на регионот и во целиот свет. Со тоа нашиот медиум ги надмина локалните рамки.
Остануваме да работиме во Ваш интерес и отворени сме за соработка, коментари и мислења од нашите читатели. Секогаш ги прифаќаме добронамерните критики, заради подигање на квалитетот на информирањето и задоволување на вашиот интерес.
Остануваме и понатаму со Вас и се надеваме дека Kumanovonews и во иднина ќе остане ваш најомилен и најчитан медиум, кој секогаш прв ги дознава и ги пласира најновите случувања во градот и регионот.
Нека ни е честит роденденот!
Искрено Ваш KumanovoNews