×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Четири нови случаи на ковид-19 во Куманово

    20.01.2021 20:27 | KumanovoNews

    Во последните 24 часа направени се 793 тестирања и регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19.

    Четири нови случаи на ковид-19 во Куманово

    Новозаболени се регистрирани во: Скопје-45, Куманово-4, Тетово-4, Гостивар-4, Штип-4, Кавадарци-3, Струга-4, Кичево-1, Свети Николе-1, Неготино-1, Дебар-1.

    Тринаесет лица починаа по компликации од ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

    Четворица пациенти се од Скопје (74, 69, 93 и 87), тројца од Прилеп (69, 76 и 57), еден пациент од Велес (51), еден од Неготино (80), еден од Дебар (71), еден од Радовиш (66), еден од Македонски Брод (66) и еден пациент од Кратово (76г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

    На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 598 болни од ковид-19 и има околу 650 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Институтот за јавно здравје за денес регистрира 1.023 оздравени пациенти од: Скопје-511, Куманово-51, Тетово-32, Прилеп-46, Гостивар-29, Штип-17, Битола-34, Велес-38, Струмица-26, Кавадарци-50, Кочани-22, Кичево-11, Свети Николе-5, Гевгелија-15, Неготино-21, Дебар-22, Ресен-3, Крива Паланка-20, Радовиш-23, Берово-9, Делчево-1, Пробиштип-3, Виница-4, Валандово-5, Македонски Брод-2, Богданци-6, Крушево-3, Демир Капија-2, Пехчево-11, Дојран-1.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава почетокот на епидемијата се 89.463, оздравени се 74.800, починаа 2.739, а активни случаи се 11.924.

    Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 38853, активни 7027

    • Куманово 5050, активни 436

    • Крива Паланка 705, активни 72

    • Кратово 209, активни 15.