Четири обиди за измами со сообраќајки за еден ден во Куманово, МВР апелира на претпазливост
Четири жени вчера пријавиле во полицијата дека биле мета на изманик, кој им се претставил како вработени во МВР, и од нив побарал исплата на пари заради операција на нивен близок, кој е повреден во сообраќајна несреќа.
„Вчера (10.11.) во СВР Куманово биле пријавени четири обиди за измами. Според пријавеното на четири повозрасни жени едно лице им се јавило на телефон и им кажало дека членови од нивното семејство биле прегазени во сообраќајна несреќа и ќе биде потребна одредена сума на пари за операција, но тие се посомневале во точноста на информацијата и пријавиле во полиција“, соопшти МВР.
Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги.

