Четириесет и седма седница на Совет
Советниците ќе одржат редовна седница на Советот на општината Куманово.

На дневен ред се 26 точки меѓу кои неколку програми за работа на јавните претпријатија и повеќе предлог одлуки од сферата на урбанизмот.
Седницата ќе се одржи утре во кружната сала на зградата на поранешните општествено политички организации, со почеток во 10 часот.
Дневен ред
1. Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Куманово за 2015 година;
2. Предлог Програма за работа на Советот на општина Куманово за 2016 година;
3. Програма за работа на ЈП ‘‘Водовод‘‘ – Куманово за 2016 година;
4. Предлог – Одлука за начин на снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, како и управување, изградба, одржување и користење на јавниот водоснабдителен и канализационен систем на подрачјето на општина Куманово;
5. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Одлуката за цени и услуги што ги пружа РЕ Механизација при ЈП „Водовод“ – Куманово бр. 023330/3в од 13.12.2007 година;
6. Програма за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2016 година;
7. Предлог – Одлука за давање на согласност за аплицирање со проектот „Оддржливо искористување на природните ресурси во прекуграничен регион Куманово – Јокоруда преку Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014 – 2020“;
8. Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на општина Куманово за 2015 година;
9. Предлог Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на општина Куманово за 2016 година;
10. Предлог – Одлука за давање на согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на општина Куманово за 2016 година за вработување на определено време на работници пожарникари во ТППЕ Куманово;
11. Предлог – Одлука за давање на согласност за подготовка и имплементација на проектот “Заштита на околината и зацврстување на пријателствата на Балканот преку подобрување на енергетската ефикасност на училишната инфраструктура ”;
12. Предлог – Одлука за формирање на Центар за ран детски развој во состав на ЈОУ за деца Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово;
13. Предлог – Решение за давање согласност на Статутот на Приватна установа за деца Центар за ран детски развој „Балтазар“ – Куманово;
14. Предлог Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од У.Е. "11ти Ноември", дел од Урбан блок 65, плански опфат меѓу ул. "11ти Ноември", ул. "Никола Вапцаров" и пешачка улица – Општина Куманово;
15. Предлог Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. "11ти Ноември", дел од Урбан блок 67, Плански опфат меѓу ул. "Страшко Арсов", државен пат А1 автопат Скопје Белград, КП 15732, ул. "Пристапна улица", ул. "Милан Лисица" и пристапна патека – општина Куманово;
16. Предлог Одлука за утврдување на Нацрт Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Х.Т.Карпош", дел од Урбан блок 64б, плански опфат меѓу ул. "11ти Октомври", ул. "Х.Т.Карпош", ул. "Ристовац" и ул. "1ви Мај" општина Куманово;
17. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичкопланска документација за КП 68, м.в. Бединска утрина, КО Љубодраг општина Куманово.
18. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУПСпорт и рекреација во А1Домување во станбени куќи за дел од УЕ „Гоце Делчев“, дел од УБ 26 за КП4103, м.в. Зелен Рид, КО Куманово општина Куманово;
19. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУПСпорт и рекреација во А1Домување во станбени куќи за дел од УЕ „Гоце Делчев“, дел од УБ 26 за КП 4108, м.в. Зелен Рид, КО Куманово општина Куманово;
20. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичкопланска документација за КП 1610, м.в. Вртача, КО Клечевце општина Куманово;
21. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичкопланска документација за КП 437, м.в. Новине, КО Биљановцевон г.р. општина Куманово;
22. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичкопланска документација за КП 2189/3, м.в. Долна Река, КО Шупли Камен општина Куманово;
23. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичкопланска документација за КП 5/1, м.в. Сеница, КО Тромеѓа општина Куманово;
24. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичкопланска документација за КП 1552 и КП 1548дел, м.в. Лозје, КО К’шање општина Куманово;
25. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичкопланска документација за КП 572, м.в. Долна Река, КО Довезенце општина Куманово;
26. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичкопланска документација за КП 120/3, м.в. Село, КО Брзак општина Куманово