Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четириесетина кумановци поднеле барања во општината за обештетување од последните поплави. Рокот за поднесување заврши во четвртокот.
Најголем дел од граѓаните бараат надомест на штета за поплавените домови и помошни простории, а мал дел бараат отштета за поплавено земјоделско земјиште.
„Најмногу барања се доставени од жителите на улица “Никола Тесла“ и населба Средорек, а мал број има од населбите Вера Которка и Бедиње. Ќе треба комисија да излезе на терен и да направи проценка на штети, да ја види фактичката состојба. Збирниот извештај за штетите ќе помине на седница на Совет, и ќе го испратиме до Владата на Република Македонија“ - вели Цоки Ристовски, претседател на општинска комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.
Поплавите се случија пред десетина дена, кога реките Којнарка, Кумановка и Липковка се излејаа од своите корита и предизвикаа штети во куќи и на имоти на граѓаните.