×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На конкурсот се примени најдобритe и не се од ДУИ, тврди директорот Алили

    20.03.2023 12:55 | Оливера Пешевска

    Никој не е отпуштен, четирите сестри се уште одат на работа иако договорите им се завршени на крајот на минатата година. Неосновани се тврдењата и обвинувањата кои беа објавени во медиумите од страна на пратеникот Бране Петрушевски.

    На конкурсот се примени најдобритe и не се од ДУИ, тврди директорот Алили

    Две работат како патронажни сестри, една од нив е ангажирана во Брза помош и една е во Школската амбуланта. Тие се дел од група од 26 вработени со договор на дело преку проект на Министерството за здравство, кој започна пред 4 години, тврди Фарук Алили, директор на Здравствен дом Куманово.

    Тој додава дека тврдењата за наместен конкурс и вработени партиски кадри се чиста дезинформација.Тие побарале 26 вработување, а добиел само 10.

     

    „Комисија од три члена, на која претседател е Македонец, лекар од Брзата помош на Здравствен дом Куманово ги спроведува тестирањата. Вработувањето оди преку бодовен систем, од кој половина се добиваат од резултатите на тестот, а другата половина од оценките од приложени документи за завршено средно образование. Бодувањето и конечната ранг листа се формира во Министерството за здравство. Тестовите се доставуваат од Скопје, од надлежното министерство на денот на тестирање за да се избегнат малверзации со нив“, тврди Алили. 

     

    Директорот тврди дека во неговата институција партискиот клуч одамна не е критериум за вработување.

     

    „Деновиве имам реакција и од мојата матична партија. И на нив им го дадов истото објаснување дека дејноста е специфична, ни требаат образовани и стручни кадри па не треба и одамна не се вработуваат по партиски клуч. Прворангираната има оценка 5.00, јас не ја познавам личноста. Затоа тврдам дека се неосновани обвинувањата“, категоричен е Алили.

     

    Ова објаснување следува откако пратеникот Бране Петрушевски вчера објави дека четири искусни медицински сестри од кумановскиот Здравствен дом биле избркани од работа само затоа што се Македонки, а на нивно место биле вработени партиски кадри на ДУИ.