×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Четворица кандидати собираат потписи за претседателската трка

    17.02.2014 11:27 | KumanovoNews

    Во подрачните канцеларии на Државна изборна комисија од вчера почна увидот во избирачкиот список и собирањето на 10.000 потписи за кандидатура за претседател.

    Четворица кандидати собираат потписи за претседателската трка

    Во канцеларијата во Куманово, 10.000 потписи за кандидатура за претседателски избори собираат Зоран Поповски од ГРОМ, Стојанче Ангелов од “Достоинство“, универзитетската професорка Билјана Ванковска и универзитетскиот професор Хисни Исамили. Потписи ќе се собираат до 2 март во период од 8.30 до 19 часот, а до 7 март ќе трае увидот во избирачкиот список.

    Не сум проверувал и досега секогаш ме имало во гласачки список. Немало никаков проблем досега. Не ни планирам да гласам, не сум задоволен, социјалец сум - вели Миле Петковски, граѓанин.

    Дел од граѓаните не се информирани за роковите до кога може да се даде потпис или да се изврши увид во списокот.

     Би проверил зошто да не. Се беше во ред досега на гласање, ме имаше во список. Може да дадам потпис, ама не знам кои се кандидатите предложени - рече Велко Спасовски, граѓанин.

    Граѓаните можат да се потпишат во просториите на ДИК во Куманово, како и во подрачните канцеларии во Старо Нагоричане и Липково кои се отворени за да се олесни постапката за собирање на потребните 10.000 потписи.