Четворица кумановци истепале средовечен маж
25.12.2015 14:03
| KumanovoNews
Четворица кумановци без повод и причина нападнале и истепале средовечен човек.

Д.А.(26), С.А.(26), С.М.(26) и Ф.Т.(24) сите од Куманово, минатиот месец без повод и причина физички го нападнале З.Б.(55), удирајќи го со тупаници по главата и телото, а откако човекот паднал на земја, тие продолжиле да го тепаат со што му нанеле тешки телесни повреди.
Против напаѓачите се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело насилство.