×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Четворица починати и 48 новозаболени од коронавирус во Куманово

    21.11.2020 21:01 | KumanovoNews

     Во Центарот за јавно здравје во Куманово во изминатото деноноќие четворица пациенти ја изгубиле битката со коронавирус, а регистрирани се 48 новозаболени и 33 оздравени лица.

    Четворица починати и 48 новозаболени од коронавирус во Куманово

    Според Министерството за здравство на ниво на државата направени се 3109 тестирања, а регистрирани се 1182 нови случаи на ковид-19.

    По градови Скопје-544, Куманово-48, Штип-31, Прилеп-50, Тетово-75, Струга-27, Велес-41, Битола-28, Охрид-38, Кавадарци-30, Гостивар-66, Гевгелија-17, Струмица-22, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Крушево-7, Кочани-13, Пробиштип-9, Демир Хисар-3, Македонски Брод-6, Берово-4, Валандово-12, Виница-8, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-55, Ресен-4, Неготино-18.

    Починати се 25 лица, од кои шест пациенти од Скопје (84, 77, 78, 83, 60 и 59г), четири од Куманово (70, 61, 66 и 77г), еден од Штип (72г), тројца пациенти од Прилеп (45, 75 и 71г), тројца од Тетово (58, 76 и 59г), двајца од Велес (71 и 88г), еден од Битола (54г), еден од Кавадарци (66г), двајца пациенти од Гостивар (67 и 67г), еден од Струмица (71г) и еден пациент од Крушево (86г).

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 53.631, бројката на оздравени пациенти е 31.659, на починати е 1.487, а бројот на активни случаи изнесува 20.485. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 23612, активни 9854,  Куманово 3357, активни 922.