×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Четврта титула по ред за женскиот кошаркарски тим на СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка

    18.04.2025 12:09 | KumanovoNews

    Средношколскиот женски кошаркарски тим на СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, под водство на професорите по физичка култура Ведран Белешковски и Виктор Петровски, вчера триумфираше на Државното првенство во кошарка за средни училишта, освојувајќи ја титулата државен првак по четврти пат по ред.

     

    Четврта титула по ред за женскиот кошаркарски тим на СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка

    Првенството се одржа во спортската сала „Бранители 2001“, а домаќин беше токму СОУ „Ѓорче Петров“ во соработка со Општинскиот сојуз на училишен спорт на Крива Паланка.

    На турнирот учествуваа четири најдобри екипи од земјата: СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка, Државното училиште Спортска академија – Кавадарци, СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип и СОУ „Методи Митевски-Брицо“ – Скопје.

    Екипата од Крива Паланка уште еднаш ја потврди својата доминација во женската кошаркарска конкуренција, продолжувајќи ја серијата на успеси.

    – Чест е за првпат да се биде домаќин на едно вакво елитно натпреварување, на најдобрите четири средношколски тимови и драго ми е што како училиште сме повторно први, што продолжува традицијата на златни одличја и во новата генерација девојки кои допрва ќе имаат свој збор во оваа сфера, рече директорката на СОУ „Ѓорче Петров“, Елена Ѓорѓиевска.

    На свечената церемонија зборуваше и претседателот на Федерацијата на училишни спортови на Македонија, Александар Туфекчиевски, кој ја пофали одличната организација на првенството и изрази благодарност до домаќинот – училиштето и општинскиот сојуз, предводен од Билјана Јовановска.

    – Задоволство е да се видат сите учесници на едно место, со една цел – спортска фер игра, надигрување и дружба, истакна Туфекчиевски.

    Присутен беше и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој го искажа својот ентузијазам и поддршка за младите спортисти.

    – Моите искрени честитки ги упатувам до сите млади спортисти кои повторно нѐ радуваат со своите резултати, оправдувајќи ја довербата од професорите, вложувањата во нивното усовршување и надградба како спортисти. Но овие млади спортисти докажуваат дека сите вложувања, поддршка и стимул со стипендирање и поддршка на спортските работници и спортот, носат резултати, а според ова што го гледам убеден сум дека и во иднина овие млади спортисти ќе не радуваат и ќе носат уште поголеми успеси и за СОУ Ѓорче Петров и за градот и во следните години, изјави Митовски.

    Второпласирани беа кошаркарките од Спортската академија од Кавадарци, а третото место го освои СОУ „Славчо Стојменски“ од Штип.

    СОУ „Ѓорче Петров“ веќе четврта година по ред е државен првак во женска кошарка. Минатата учебна година тие освоија и двојна круна – беа шампиони и во кошарка и во баскет. Во 2022 година се закитија со титулата балкански вицешампиони во баскет, во 2023 освоија европска бронза, а во 2024 ја претставуваа Македонија на Светската гимназијада во Бахреин.

    Никола Митовски