Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На прослава на четвртиот роденден членовите и волонтерите ги претставија најзначајните активности што ги реализирале во изминатиот период и се заблагодарија на сите кои ги поддржуваа во изминатите години.
Центарот за Меѓукултурен Дијалог одбележува четири-години постоење и успешна работа. Оваа младинска волонтерска организација во последните четири години е посветена на работата за промовирање и поддржување на меѓукултурното разбирање, соработка, мир и солидарност преку активно младинско учество и волонтирање во општеството на локално и меѓународно ниво. На прослава на четвртиот роденден членовите и волонтерите ги претставија најзначајните активности што ги реализирале во изминатиот период и се заблагодарија на сите кои ги поддржуваа во изминатите години.
Најзначајни во оваа година се проектите со агенциите на Обединетите нации на програмата за подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработа, проектите на УНИЦЕФ на младинскиот центар Мулти-Култи, и преоктот со УНДП за активно граѓанско општество во меѓуетнички дијалог и соработка. Горди сме на се што го постигнавме во изминатиот период и со ист интензитет ќе го промовиравме волонтеризмот, како значајен облик на соработка меѓу младите - вели новата претседателка Линдита Реџепи.
Волонтерите на Центарот за меѓукултурен дијалог ги претставија програмските и стратешки достигнувања и идни предизвици, новата Стратегија 2011-2013 со реорганизација и активни промени
ЦИД е член на три интернационални мрежи за мир и размена на волонтери. Благодарници за успешната соработка без врачени на подржувачите и соработници на Центарот.