×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цигари и режан тутун запленети на Табановце

    13.07.2015 14:01 | KumanovoNews

    Викендов 16 килограми режан тутун и 8 штеки цигари без акцизни маркички, се откриени во два одвоени случаи при контрола на два автомобили пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

    Цигари и режан тутун запленети на Табановце

    Во првиот случај, при контрола на германски автомобил со кој за излез од државата се пријавиле двајца грчки државјани, во фабричка преграда, под тапацирот на багажникот на возилото се пронајдени 8 штеки цигари и 2 килограми режан тутун. Покрај тоа, во фабричка преграда помеѓу предните седишта, била пронајдена метална кутија за цигари во која биле откриени 12 семки од растението канабис сатива.

    Во вториот случај, при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, под патосницата пред совозачкото седиште на возилото се пронајдени 14 килограми режан тутун.