×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Чистота“ доби донација од 8 камиони за собирање на смет

    29.03.2021 14:41 | KumanovoNews

    Преку проектот за Поддршка во воспоставување регионален систем за управување со отпад, ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово, доби нови осум возила за собирање на отпад.

    „Чистота“ доби донација од 8 камиони за собирање на смет

    „Проектот се реализира со помош на ЕУ и конечната цел е да се затвори депонијата „Краста“, да се изгради нова претоварна станица за отпад и целата количина на комунален отпад од Североисточниот и Источниот плански регион да се преработува во Фабриката за преработка на отпад во Општина Свети Николе, која би требало да започне да се гради следната година“, објави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Директорката Цветанка Ивановска, вели дека камионите ќе се стават во функција од наредната недела, а оваа донација е добредојдена и многу им значи, затоа што ќе го подигне квалитетот на работењето во претпријатието и услугата кон граѓаните.

    „Со обновата на возниот парк ќе имаме побрзо и поефикасно собирање на сметот, а ќе имаме заштеда во претпријатието, бидејќи ќе се намалат трошоците за гориво и одржување на старите возила. Граѓаните ќе добијат поквалитетна услуга, бидејќи имаме камиони со различна големина, па ќе се собира сметот и во малите улички, што досега беше проблем“, вели Ивановска.

    Таа додава дека со проектот за регионални депонии ќе добијат и 1400 контејнери, кои вои наредниот период ќе ги бидат заменат старите во централното градско подрачје.

    (С.Николиќ)