×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цивил:Граѓаните бараат одложување на изборите

    15.01.2016 16:50 | KumanovoNews

    Од Цивил Центар за слобода денеска пред кумановци рекоа дека граѓаните ширум Македонија бараат одложување на изборите.

    Цивил:Граѓаните бараат одложување на изборите

    Од она што го добиле на терен велат дека уцени, закани и пиртисоци има врз луѓето кои се вработени во образованието. Цивил по втор пат е на средба со кумановци и ќе ги посетат повеќето градови на земјава за да разговараат за слободни и фер избори.

    „Сакаме да видиме до каде е ситуацијата, дали има поволна атмосфера за избори. Мислењето е дека во Македонија постои некој вид на медиумски мрак, дека изборите треба да се одложат. Има позитивни реакции од сите, меѓутоа треба да разговараме за активности кои би се преземале за да се подобри ситуацијата“-изјави Билјана Еверет од Цивил.

    Цивил преку проектот Слободни избори за слободни граѓани и граѓанки, ги анимира граѓаните да гласаат по своја волја без закани и притисоци.