×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Членови на СДСМ даруваа крв

    14.03.2013 15:00 | KumanovoNews

     Во просториите на СДСМ денеска се одржа крводарителска акција на која беа собрани рекордни 119 единици крв.

    Членови на СДСМ даруваа крв

    Традиционално, по 13 пат акцијата се организира во соработка со Црвен Крст и на тој начин се одбележува Денот на крводарителите.

     Денеска собравме 119 единици крв што ее своевиден рекорд не само за нашата акција, туку воопшто. Кога почнавме да ја организираме акцијата собиравме 40 до 50  единици крв на една акција, меѓутоа бројката постојано растеше. Последните акции беа со бројка од 90 до 100 крводарувања, поради што станавме рекордери и добивме благодарница од Црвен Крст Куманово. Ќе кажам дека ми е исклучителна гордост што социјалдемократите се хумани луѓе, што една акција која скромно започна прераснува во света традиција. Првпат се паѓа во предизборен циклус, дури расмислувавме со нашето членство во агендата дали да го поместиме терминот, но сметаме дека не треба да се наруши една традиција. Оваа акција е во чест на Денот на крводарителите и Денот на Црвениот Крст на Македонија - изјави Снежана Захариева, претседател на општинска организација на СДСМ Куманово.

    Таа на сите крводарители им го честиташе денешниот ден, им посака добро здравје, секогаш да бидат дарители, а никогаш да не им затреба крв.