×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Членовите на “Ротари“ даруваат крв

    16.12.2014 11:59 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ предпладнево започна крводарителската акција, организирана од “Ротари“ клуб Куманово.

    Членовите на “Ротари“ даруваат крв

    Организаторите велат дека освен нивни членови, крв ќе даруваат пријатели на клубот и граѓани, а паралелно ќе се собира и облека за социјално загрозени семејства.

    Очекуваме крв да даруваат околу 50 луѓе, со цел да им се помогне на луѓето на кои им е потребна крв. Поканети се многу луѓе кои ги знаеме, а за да има одзив низ градот залепивме плакати. Акцијата почна во 10.30 часот  и ќе трае до 15 часот. Очекуваме да помине успешно како и секоја година. Лани имавме доста успешна акција и бевме пофалени“ - вели Кристина Темелковска, секретар на “РоторАКТ“, здружение со подмладокот на “Ротари“.

    На крводарителската акција учествуваа и членови од аикидо клубот “Агатсу“ од Куманово.

     Даваме полна поддршка на крводарителската акција. Околу 10 наши членови ќе даруваат крв и јас лично. Не дарувам крв многу често, го правам тоа еднаш годишно“ - рече Ненад Скрчевски, тренер во “Агатсу“.

    Крводарителската акција на “Ротари“ е традиционална и како таква ќе се одржува и во иднина.