×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање
  • Политички маркетинг

  • Членовите на СДСМ да гласаат по сопствено убедување во општините каде што немаме кандидат, кажа Филипче

    31.10.2025 17:43 | KumanovoNews

    Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска изјави дека во општините каде што партијата нема свој кандидат за градоначалник во вториот круг од локалните избори, членовите и симпатизерите треба да гласаат според сопственото убедување, без да има партиски калкулации.

    Членовите на СДСМ да гласаат по сопствено убедување во општините каде што немаме кандидат, кажа Филипче

    „Ние нема да навлегуваме, ниту навлеговме, во калкулации или во некакви задкулисни договори. Секој граѓанин, секој член, секој симпатизер има целосно право да одлучи согласно сопственото убедување според тоа кој кандидат носи вредности блиски до социјалдемократската идеја и до социјалдемократските вредности за чесно владеење, за почит, за еднаквост и за развој“, рече Филипче на денешната прес-конференција.

    Тој ги повика граѓаните да излезат на гласање во недела, на 2 ноември, и да го дадат својот глас за локална власт што ќе биде отворен сервис за нивните потреби.

    Во Куманово во вториот круг на локалните избори, граѓаните ќе можат да гласаат за кандидатите Максим Димитриевски од ЗНАМ и независниот кандидат Горан Стојковски - Диро.