Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Црковниот одбор на црквата „Свети Ѓорѓи„ од селото Тромеѓа, најостро ја осудува посетата на црквата, од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово на чело со пратеникот Петар Поп-Арсов и претседателот на општинскиот комитет Јoрдан Пачков.
„Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребија најсветлиот ден во христијанството, Велигден, поради остварување на своите партиско-политички цели. Ненајавени во четврток дојдоа со своето партиско членство и медиумите во црквата да донираат песок и неколку вреќи цемент ( незнаејќи дека црквата е изградена) и тоа на само 3-4 дена пред свеченото осветување на истата, закажано за првиот ден Велигден „- се вели во соопштението на Црковниот одбор.
Тие реагираат и на однесувањето на претседателот на месната заедница Верди Станоевиќ, за кого велат дека ја злоупотребил селската функција и ги ставил партиските интереси пред интересите на жителите на Тромеѓа.