Црквата кај Градските гробишта за упокоените
Црквата “Воскресение Христово“, која се гради кај Градските гробишта ќе се користи за литургии за упокоените.

По примерот на повеќето градови во земјава и Куманово ќе добие црква каде верниците ќе можат да се помолат и да запалат свеќа за починатите.
- Црквата е со димензии 10 на 8 метри и се гради на темелита на поранешната црковна трпезарија. Се надевам дека во најскоро време, зависно од временските услови, ќе се заврши. Црквата се гради на барање на граѓаните, кои што и самите донираат средства за побрзо завршување на храмот, кој останува не само за нас, туку и за идните генерации - вели Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумановско - осоговска епархија.
Црквата беше осветена во недела, од владиката Кумановско-осоговски Јосиф.