Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Волонтери на Црвениот крст деновиве на неколку пунктови во градот делеа вода за пиење на локалното население во најтоплиот период од денот.
Во акцијата насловена „Како против топлотниот бран„, дистрибуирани се и флаери за заштита на населението од големите вруќини изготвени од страна на Црвениот крст.
Граѓаните беа советувани како да се заштитуваат од високите температури. Им беше советувано да не излегуваат во најтоплиот период помеѓу 10-17 часот, да избегаваат тешки физички активности,а неопходните работи да ги завршуваат пред 10 и после 17 часот. Да носат светла и лесна облека,да консумираат помало количество на храна избегнувајќи притоа тешка и масна храна,како и храна која содржи поголемо количество на шеќери. Да внесуваат многу течности почнувајќи пред се од обичната вода,минерална вода и безалкохолни пијалоци- велат од Црвениот крст.
На хроничните болни им препорачаа да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки,и редовно да ја земаат својата терапија,а за сите промени задолжително да го консултираат својот матичен лекар.Доколку забележат некое лице кое е во без сознание или пак има топла и сува кожа веднаш треба да го стават во во хоризонтална состојба со подигнати раце и колкови.Треба да му се стават ладни облоги околу вратот,пазувите и слабините,постојано да го ладат и да му се мери телесната температура.
Други можни ризици кои можат да се појават како последица од високите температури се труењето со храната и цревните заболувања.Затоа треба внимателно да се одбира само термички подготвена храна а да се избегнува ат производи како што се мајонези,јајца,и внимателно консумирање на сладоледи и кремови.