×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Црвен крст и граѓаните на Куманово донираа 76.000 денара за настраданите во Драч

    04.12.2019 09:04 | KumanovoNews

    Црвениот крст Куманово во соработка со граѓанската иницијатива „Куманово за Албанија“, собра вкупно 76.250 денари и 500 литри флаширана вода за настраданите семејства во земјотресот во Драч.

    Црвен крст и граѓаните на Куманово донираа 76.000 денара за настраданите во Драч

    Како што соопштуваат од општинската организација на Црвен Крст, дел од средствата во висина од 30.000 денари ги издвоиле од сопствениот буџет, а останатото го донирале граѓани на пунктот во центарот на градот.

    „Голема благодарност до граѓанската иницијатива „Куманово за Албанија“, општествено одговорните здруженија и граѓани, кои дадоа свој придинес во хуманитарните активности за помош на настраданите во Албанија“, - соопштуваат од Црвен крст.

    Покрај акциите на невладините организации и граѓаните помош за семејствата кои беа погодени во земјотресот во Драч, помош во висина од 300.000 денари одвои и Општина Куманово и 6 милиони денари државата.