Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повеќе од 400 килограми облека собира месечно Црвен крст преку донации на граѓаните, собирни акции и оваа гардероба потоа се распределува на сиромашните семејства.
Граѓаните донираат сочувана облека која веќе не им е потребна, а Црвен крст има евидентирани 300 социјално загрозени семејства во Куманово, Липково и во Старо Нагоричане и им помага во обезбедување на алишта.
Имаме собрано доста облека, обувки и донесена е одлука во наредните три месеци да не организираме собирни акции. Граѓаните го знаат нашиот број, се јавуваат, донираат кога ќе им се насобере облека. Тие се многу дисциплинирани, значи самите донираат облека која е употреблива. Има исклучоци, но тоа е мал процент. Мислам дека ќе продолжиме со исто темпо и ќе им помогнеме на оние на кои им треба - изјави Бојан Петрушевски, координатор за социјални работи во Црвен крст.
Лани се реализирани 10 собирни акции самоиницијативно со волонтери, во соработка со училишта, со политички партии и со други хумани луѓе.