Црвен крст Куманово организира ораторска вечер
02.02.2026 08:41
| KumanovoNews
Општинската организација на Црвен крст Куманово, вечерва организира ораторска вечер.
„Со големо задоволство, ве покануваме на нашата трета ораторска вечер насловена ,,Црвен крст - Без граници’’.Повелете заеднички да уживаме во прекрасната вечер и да ги слушнеме инспиративните говори на младите волонтери на Црвениот крст на Македонија“, стои во поканата.
Настанот ќе се одржи со почеток од 19:00 часот во Занаетчиски дом - Куманово.