×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Црвен Крст организираше мерење на притисок и шеќер

    25.11.2015 12:27 | KumanovoNews

    Општинската организација на Црвен Крст од Куманово денеска на Градскиот плоштад организираше акција за мерење на притисок и шеќер во крвта, по повод Недела за грижа на старите лица која трае од 23 до 29 ноември.

    Црвен Крст организираше мерење на притисок и шеќер

    Мотото оваа година е „Сите сме нивни деца“. Постарите граѓани ја искористија можноста да измерат притисок и шеќер, а на помладите им беа поделени флаери за да им се укаже дека постарите треба да се почитуваат.

    Целта е да се посвети повеќе внимание и грижа на старите лица. Делиме и фрлаери, но на помладите луѓе за да ја подигнеме свеста за важноста за грижа кон старите лица и воопшто на старото население. Денеска имаме дружење со пензионерите и во следните денови планираме повторно посета во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ каде што исто ќе имаме мерење на шеќер во крв и притисок - кажа Раде Ристиќ, лидер на Клуб на млади во Црвен Крст.

    Неделата за грижа на стари лица во градот се одбележува повеќе од една деценија.

    Шеќерот ми е 5.8. Дома имам апарат за притисок, можам секој ден да си мерам. Шеќер мерам по 2-3 пати месечно - рече Мирко Радиќ, граѓанин.

    Во светот и во Македонија популацијата старее и во рамки на Недела за грижа на стари лица,  се потенцира дека на оваа категорија и е потребна нега и грижа.