Црвен Крст укажа прва помош на над 300 мигранти на Табановце
04.09.2015 08:30
| KumanovoNews
За два дена мобилните екипи на Црвен Крст укажаа прва помош на вкупно 368 мигранти на Табановце.
Завчера во период од 17 до 3 часот наутро, екипите на Црвен Крст лоцирани во Табановце укажаа прва помош на 143 лица. Беа поделени 190 шишиња вода, 7 ќебиња, 38 пакети со храна, 27 индивидуални хигиенски пакети, 7 пакети за бебиња, а едно лице беше транспортирано до кумановската болница.
Вчера во период од 8 до 17 часот, екипата лоцирана во Табановце укажа прва помош на 225 лица, и дистрибуираше 13 пакети со храна, 140 шишиња вода, 19 хигиенски пакети, млеко за бебиња и 5 бебешки пакети.
Екипите на Црвен Крст истовремено им помагаа на мигрантите и во Гевгелија.

