Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со активности од облата на прва помош, игра и песна, волонтерите на Црвениот крст од Куманово го одбележаа завршувањето на недела на младите.
Дваесетинаволонтери на плоштадот во Куманово изведоа вежба за соодветоно пружање на прва помош во потребен момент.
Традиционално секоја година со повеќе активности ја одбележуваме неделата на младите. На Плоштадот денска група волонтери изведоа вежби за укажување на прва помош во даден момент,а давањето прва помош е една од задачите на Црвениот крст - изјави Иле Митковски секретар на Општинскиот црвен крст.
Целта е да се подигне јавната свест кај граѓаните за давање прва помош.Со денешниот настан сакаме да го привлечеме токму нивното внимение - вели Фросина Цветковска - лидер на млади
За одбележување на недела на младите Црвениот крст организираше и крводарителска акција во средното економско училиште Перо Наков на која 51 ученик дари крв.
Од општинската организација упатија апел до сите заинтересирани за волонтирање во Црвениот крст да се зачленат секој работен ден и да се придружат на активностите кои што се спроведуваат.