×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цветковски: Ме исклучија од СДСМ затоа што не го поддржав Дамјановски

    09.07.2012 13:04 | KumanovoNews

     Претседателот на Советот на општина Куманово, Виктор Цветковски кој деновиве беше исклучен од СДСМ денеска јавно ги образложи причините за најновите партиски случувања.

    Цветковски: Ме исклучија од СДСМ затоа што не го поддржав Дамјановски

    Образложението за моето исклучување што го дадоа првите луѓе на СДСМ, дека сум седел на две столици и дека сум шурувал со ДПМНЕ не држи, а во тоа не веруваат ни тие, а уште помалку кумановските социјалдемократи, граѓаните и моите сопартицјци кои имале можност да соработуваат со мене.

    Јас и членовите на Извршниот одбор на СДСМ ги знаеме причините за мојата оставка во Извршниот одбор и за моето исклучување од членството на СДСМ. Причината е една и единствена. Не застанав позади кандидатурата на Зоран Дамајновски Циц, за градоначалник на Куманово. Не е тоа само мое лично убедување, тоа е убедување на вистинските социјалдемократи во Куманово, кои не веруваат дека СДСМ е Циц и фамилијата. Времето ќе покаже кој е во право. Овде ќе потенцирам, единствен политички противник против кој сум делувал и досега , а ќе делувам и во иднина е ВМРО - ДПМНЕ , неговите коалициони партнери и погубни политики - рече Цветковски.

    Тој вели дека по идеологија и идеја останува социјалдемократ.

    Цветковски засега не размислува да формира независна советничка група во Советот на Општината, ниту пак да настапува независно за кандидат за градоначалник, но останува да се види што понатаму.

     На новинарско прашањето дали очекува да биде сменет од претседавач на Советот и дали постои можност ВМРО-ДПМНЕ да го преземе Советот, Цветковски одговори:

    Следната седница ќе се одржи на крајот на август, веќе има најави од СДСМ дека ќе бидам сменет. Ако советниците гласаат за моја смена јас ќе го прифатам тоа.  А што се однесува за преземањето на Советот, јас ќе се борам таква можност да не им дадам на ВМРО-ДПМНЕ, а  другите нека одлучуваат сами- изјави Цветковски.

    Тој најави жалба до второстепена комисија на партијата за неговото исклучување и верува дека аргументите се на негова страна и ќе биде вратен во СДСМ.