×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да покажеме дека сакаме Куманово да оди напред - заокружете број 5, повика Јаќимовиќ

    17.10.2025 12:21 | KumanovoNews

    Благојче Јаќимовиќ, претседател на општинската организација на НСДП и кандидат за советник во Советот на Општина Куманово, од коалицијата на СДСМ, денеска ги повика симпатизерите и членови на неговата партија, како и сите останати граѓани, во недела масовно да излезат на избори и да го заокружат бројот 5.

    Да покажеме дека сакаме Куманово да оди напред - заокружете број 5, повика Јаќимовиќ

    „Само така Куманово ќе може да се развива, да биде чисто, зелено и европски уредено. Само оваа опција нуди реални решенија, проекти што навистина се реализираат и грижа за секој граѓанин. Да покажеме дека сакаме Куманово да оди напред, а не назад, затоа што иднината на нашата општина е во наши раце. Бројот 5 е глас за: чисти улици и модерна, уредна општина, зелена и еколошки одговорна средина, урбанизам со повеќе зелени површини, безбедни пешачки и велосипедски зони, современи сообраќајни решенија. Да го избереме развојот и иднината на Куманово“, порача Јаќимовиќ.