×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да се скрати работното време на Општината и „Пазаришта“, побара Општинскиот штаб за заштита и спасување

    18.03.2020 14:55 | KumanovoNews

    Општинскиот штаб за заштита и спасување, на денешниот состанок побара да се скрати работното време на општина Куманово и ЈП „Пазариште“. Ова се само дел од мерките коишто се ќе се применуваат во иднина за да се спречи ширењето на коронавирусот.

    Да се скрати работното време на Општината и „Пазаришта“, побара Општинскиот штаб за заштита и спасување

    -  Во насока на преземање на активности за превенција и спречување од ширење на коронавирус се препорачува ЈП „Пазаришта”  и Општина Куманово да работат со скратено работното време за 2 часа, до 14 часот. А по 14 часот вработените да бидат достапни на своите службени телефони, - соопштуваат од Општинскиот штаб.

     Исто така на верските заедници во градот им се препорачува да вршат задолжителна дезинфекција на сите верски објекти и да ги почитуваат одлуките и препораките на Владата, особено да се редуцира постапката за погребалните церемонии на половина час со определена дистанца меѓу луѓето.

    - По секој обред капелата да се дезинфицира од страна на ЈП „Чистота и зеленило”, -стои во одлуката.