Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Комисијата за заразни болести препорачува да се укинат ковид сертификатите за влез во трговските центри. Претседателот на комисијата д-р Александар Петличковски, кажа дека ова е чекор за олеснување на реструктиивните мерки. Одлуката за укинување на сертификатите за влез во моловите треба да ја донесе Владата.
„За другите олеснувања ќе се следи ситуацијата и ќе бидеме многу внимателни, бидејќи не сакаме со нагло отфрлање на сите заштитни мерки да постигнат неочекувани резултати“, кажа Петличковски.
Портпаролот на комисијата д-р Злате Мехмедовиќ информираше дека мерката за моловите не е целосно укината и ќе го контролира влегувањето во делот каде што ќе биде служена храна, таму ќе мора да се покаже сертификат.
Комисијата истакна дека е неопходно да се зголеми опфатот на вакцинирано население, кој сега изнесува само 40 проценти, па затоа од денес започнуваат со кампања за вакцинација на граѓаните.