Да се воведат фискални апарати со GPRS ред
27.10.2014 14:26
| KumanovoNews
До 31 октомври даночните обврзници чиј промет лани надминува 10.000.000 денари, оние кои вршат угостителска дејност и бензинските пумпи треба да воведат фискален апарат со GPRS уред.

Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година. За невоведување на фискален апарат со GPRS уред, законот предвидува времена мерка забрана за вршење на дејност, како и парични глоби за одговорното лице и правното лице.
Според последните податоци на УЈП, 3.348 даночни обврзници успешно ја имаат заокружено регистрацијата на 7.033 фискални системи на опрема со GPRS уред.