×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да се воведе полициски час во Куманово, бара Општинскиот кризен штаб

    21.03.2020 16:37 | KumanovoNews

     Општинскиот штаб за заштита и спасување, денеска одржа состаник, при што побара од Владата да се воведе полициски час  од 20 до 5 часот на територија на Општина Куманово, со посебни исклучоци за лица, кои имаат потреба од делување, потврдено со соодветно овластување од надлежни органи.

    Да се воведе полициски час во Куманово, бара Општинскиот кризен штаб

    - Се бара од Владата на Република Северна Македонија 100 монтажни кревети и оградни паравани за преградување на простор, кои ќе се користат за карантински сместувања по потреба, ЈП Водовод да воведе дополнително обезбедување на Фабриката за производство на вода- Филтер станица, а СВР Куманово да обезбеди 24-часовно присуство на полициски службеник во самиот објект.Се задолжува општинската инспекција, ЈП „Чистота и зеленило“ и Секторот за комунални работи да ги обележат сите јавни спортски и детски игралишта и истите де се затворат за употреба до следна Одлука на Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување, - се наведува во соопштението по состанокот.

    Меѓу мерките е и барањето од граѓаните да ги дислоцираат непрописно паркираните возила на улиците и тротоарите за да може непречено да се врши дезинфекција, во случај на настаната штета на истите, таа ќе биде на терет на сопствениците на возилата,  како и да се зголеми контролата на лицата бегалци на територијата на Општина Куманово, особено да се води сметка за престојот во кампот за бегалци во с.Табановце, за да не се загрози безбедноста на месното население.

    - Се бара од СВР Куманово да постапува по одлуките на Владата на Република Северна Македонија за детектирање на сите граѓани, кои се собираат во групи на плоштади, улици, паркови, викендици и други јавни места, со цел да се намали ризикот по однос на ширење на епидемијата. Општината да продолжи со дистрибуција на еднократна  помош во храна и средства за хигиена за загрозените семејства заедно со Црвен крст Куманово (100 пакети со Црвен крст и 100 пакети од Општина Куманово), - додаваат од Општинскиот штаб.