×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да се вработат 600 специјализанти во јавното здравство, одлучи Владата

    25.07.2024 08:46 | KumanovoNews

    Во јавните здравствени установи во државата ќе се вработат 600 приватни специјализанти, одлучи Владата. 

    Да се вработат 600 специјализанти во јавното здравство, одлучи Владата

    Министерството за здравство е задолжено да ги формулира критериумите по кои ќе се вработат специјализантите во две фази, во наредните две години по 300 лица годишно.

    „На овој начин ќе се даде шанса за млад здравствен кадар во македонското здравство, активно ќе се влијае за намалување на метежот во здравствените институции и ќе се излезе во пресрет на долгогодишните барања за доекипирање на здравството“, соопшти владата.

    На 15 април, над 400 приватни специјализанти од скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“ стапија во генерален штрајк, револтирани оти немаат пензиско и здравствено осигурување и бараа зголемување на месечниот надоместок, кој сега изнесува 26.000 денари, и тој да биде на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, како и решавање на нивниот статус на невработени лица. Кажаа дека тие дежураат по 24 часа, активно учествуваат во амбуланта и асистираат на операции, а сето тоа е наградено со ниска плата и немаат осигурување.