Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во времето, кога имаме се` повеќе нови фрази и изрази, време е да се потсетиме, какви биле изреките, во „Старо Куманово“ (делумно и денес, кај постарите генерации).
Народната мудрост е идентитетот на еден народ, без чии корени не може да се роди здрав плод-да не дозволиме да исчезне.
Поради истата причина, во прилог 10 кумановски поговорки:
- Ако станеш овца, свак ќе те стиже,
- Ако живиш просто, ќе доживиш и сто,
- Ако можу капу да ти купу, ак`л не можу;
- Бик мисли дека фрља земљу на другога а она пада на њега;
- Будале не се сејев, тиќи сами се раѓав;
- Благ како пелин;
- Две лубенице под једну мишку, не се носив;
- Ем шут, ем се боде ;
- Загледаја се како теле у шарени врата;
- Зет како мед, а син како пелин.