Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По разрешувањето на повеќето директори во јавните претпријатија, градоначалникот Зоран Дамјановски најави смени и на раководителите на сектори.
Наскоро ќе има промени во секторите на јавната администрација, она што е дозволено со законот за државни службеници. Постапките ќе бидат максимално транспарентни и во согласност со правилникот и законите за локална самоуправа. Она што го ветивме, дека ќе одиме со нови сили, нови идеи и визии за градот ќе го исполниме. - изјави Дамјановски на промоцијата на новиот директор во ЈП Водовод.
По потришувањето на коалицискиот договор на СДСМ и ДУИ, во изминатите неколку месеци беа сменети директорите на Пазариште, Куманово-паркинг, Куманово-гас и Водовод, а од стариот состав на функцијата остана само првиот човек на „Чистота и Зеленило„.
Директорот на ова претпријатие сеуште има активен мандат и ќе видиме каков ќе биде понатамошниот договор со оние што го менаџираат политичкиот дел и инструкциите кои ќе ги добиеме од таму. Сите менаџери во јавните претпријатија се поставени со политичка одлука, а не само врз основа на индивидуални квалитети.- додаде Дамјановски.
Градоначалникот објави дека смени ќе има и во јавните општински институции, а во тек е оглас за пополнување на директорското место во Старачки дом, кој во политичката поделба му припадна на ДУИ.