Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Актуелниот градоначалника на СДСМ, Зоран Дамјановски освоил околу 2000 гласови повеќе од противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓеорѓиевски, во вториот изборен круг на локалните избори во Куманово.
Според податоците од партиските штабови, од преброените 95 проценти од гласовите, Дамјановски освоил 23 600, а Ѓеорѓиевски 21.600.
Додека членовите и симпатизерите на коалицијата За подобра Македонија ја слават победата на Градскиот плоштад, од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека ќе поднесат околу 30 приговори за нерегуларности на гласачките места.
Доколку се потврди победата на СДСМ, Дамјановски трет мандат ќе го води Куманово.