×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: Го подржуваме штрајкот на просветарите

    20.01.2015 08:56 | KumanovoNews

    Општината Куманово дава целосна подршка на просветните работници за отпочнување на штрајкот, заради остварување на нивните работнички и егзистенцијални права.

    Дамјановски: Го подржуваме штрајкот на просветарите

    Градоначалникот Зоран Дамјановски смета дека просветните работници се најважниот сегмент во секоја локална самоуправа и држава и затоа треба да бидат врвен приоритет на оваа влада.

    Потребни се суштински реформи во статусот на просветарите, во нивната егзистенција, обезбедување на добри матерјални услови, бидејќи тоа е предуслов за целосна посветеност и професионалност на секој наставник, - вели Дамјановски.

    Законската обврска на градоначалниците и директорите на училиштата да ангажираат нови луѓе на местото на штрајкувачите, за да не трпи наставниот процес, градоначалникот вели дека во Куманово не може да се спроведе.

    Не е можно да се реализира од разбирливи причини. Прво немаме обезбедено буџетски сретства, а второ немаме толкав број на просветни работници на Бирото за вработување. Ние имаме над 1700 наставници и околу 300 луѓе помошен персонал. Јас ќе повторам дека ние како општина во континуитет добиваме помалку средства од Министерството за образование по основ за: греење, струја, превоз и одржување и реконструкција на училиштата. Поради тоа лани моравме да извоите 700.000 евра од буџетот на општината Куманово и да ја покриеме дупката во  образованието. Замислете сега треба да најдеме и дополнителни пари за нов наставен кадар, со оглед на тоа што не знаеме колку ќе трае штрајкот. Тоа е невозможно, - додава Дамјановски.