Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска на прес - конференција, ги објасни причините зошто не поднел кандидатура за уште еден мандат и не доставиле листа на советници.
Бојкотот колку и да не е популарен посебно за Куманово каде со години имаше успешна работа и голема поддршка од граѓанството, ние се одлучивме за еден ваков акт да не пријавуваме листи. Сакаме да кажеме дека нашите лични интереси, пред се на мене како кандидат, на луѓето кои работат во локалната администрација, директорите на јавните претпријатија се под интересите на државата - изјави Дамјановски.
Тој рече дека општинскиот изборен штаб ќе работи, ќе бидат мобилни, ќе организираат други видови на протести и “Отпор“ се додека не се реши политичката криза. Тој верува дека кризата може да се надмине со дијалог, поставување на проблемите на маса и на крај распишување на вонредни парламентарни избори.
Само народот е тој кој може да одлучи дали сака да живее во ваква држава или ќе правиме некоја промена. Ако продолжиме со ваков начин на политичко дејствување во државата иднината не ни е светла. Затоа од ова место ги охрабрувам нашите граѓани, пред се фанови, симпатизери да не следат и во наредниот период, оваа тешка борба да ја извојуваме до крај. Цврто сум убеден дека ќе имаме добра завршница, и на крај ќе победи народот и демократијата - вели Дамјановски.