×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: Ни се случи елементарна непогода

    26.02.2013 14:53 | KumanovoNews

    Градоначалникот Зоран Дамјановски побара од Министерството за одбрана да дозволи поплавените семeјства да се сместат во касарната “Христијан Карпош“, додека не се создадат услови да се вратат во нивните домови.

    Дамјановски: Ни се случи елементарна непогода

    Од поројните дождови и излевањето на реките, уништени се дел од патиштата во општината, водоводни системи, а постои опасност да паднат и неколку мостови. За да се ублажи состојбата  на терен е механизацијата на јавните претпријатија, а Дамјановски порача во расчистувањето да се вклучат и месните заедници.

    Синоќа ни се случи елементарна непогода. Имаме изливање на големи количини на вода на реките  Крива Река, Пчиња, Којнарка... Поплавени се огромен број на индивидуални домови, уништена е инфраструктура, канализација. Имаме нарушена статика на некои мостови, сериозно е состојбата на мостот во селото Пчиња, за кој постои опасноста да се урне. Се наоѓаме во крајно критична состојба. За ова време додека сум градоначалник на Општина Куманово, оваква состојба на поплави сум имал. Над 300 луѓе останаа без своите домови, бројката ја сумираме - изјави Дамјановски.

    Во сместување на граѓаните ќе помогне и Црвен Крст Куманово од каде ќе бидат обезбедени вреќи за спиење. Штети има во селата Долно Којнаре, Речица, Средорек. Првичната матерјална штета се проценува околу 5 милиони евра.