Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска јавно им се заблагодари на сите граѓани, кои му дадоа поддршка да ја води Општина Куманово уште еден мандат.
Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите граѓани на Куманово, кои во недела на Благовец, по временски неприлики, излегоа и дадоа голем придонес за демократијата во Куманово и за она што се вика граѓанско општество. Ќе продолжам да работам како и во предходните 8 години, ќе бидам градоначалник на сите граѓани на Куманово, без разлика на политичка, религиозна, етничка определба. Направивме напори да создадеме доверба, да ги укинеме различностите и се она што не делеше. Мојата визија за такво Куманово беше пресудна за добивање на гласовите. Се покажа дека политичкиот дел на моето работење беше пресудниот, а и програмата си го направи своето. - вели Дамјановски.
Тој смета дека гласовите на Српската напредна партија и на граѓанската опција се распределиле на двете страни, бидејќи нивните лидери не ги насочиле како да гласаат, а и избирачите од албанскиот блок гласале по сопствено убедување. Дамјановски тврди дека лично не договарал соработка со ниту една од партиите на Албанците во Куманово, а на централно ниво соработка била договорена помеѓу СДСМ и партијата на Руфи Османи, НДП.
Градоначалникот Зоран Дамјановски ги оцени изборите за фер и демократски, а за тоа имало потврда и од странските набљудувачи. Затоа не очекува дa бидат поднесени приговори од ВМРО-ДПМНЕ.
Ако тие сметаат дека треба, нека поднесат. Но, јас знам дека на ниту еден записник нема забелешка за изборниот процес, освен неколку технички пропусти. На ваков начин ако мислат да ја оспорат мојата победа мислам дека влегуваат во едно крајно лошо сценарио, не само за Куманово, туку и за Македонија - рече Дамјановски.
Дамјановски очекува неговиот политички опонент Зоран Ѓеорѓиевски да му ја честите победата, како што тоа го сторил кандидатот на независната опција Виктор Цветковски.
Победата на коалицијата беше прославена со торта.