×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски:ВМРО-ДПМНЕ прави антипропаганда на градот

    05.02.2016 14:46 | KumanovoNews

    Градоначалникот Зоран Дамјановски обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ ги нарече  антипропаганда за градот.

    Дамјановски:ВМРО-ДПМНЕ прави антипропаганда на градот

    Најави дека во наредниот период ќе се реализираат многу проекти од развојната програма, ќе се работи на инфраструктурата во градот, при што ќе биде опфатена и улицата „Драган Стопаревиќ“.

    Тоа е стил на работа на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од причини што немаат каде да се бранат за сите зла и криминогени работи кои што ги направија во изминатите 10 години. Пред се кога „Вистината за Македонија“ е пред лицето на граѓаните. Сакам да дадам едно појаснување за граѓаните дека Куманово во изминатиот период и во наредниот период ја реализира својата развојна програма во рамки на средствата кои се можни со Закон за фискално работење и она што можеме да го сработиме за граѓаните. Во тек се многу проекти во град Куманово. Куманово во наредниот период ќе биде едно големо градилиште. Реконструкција на улицата „Драган Стопаревиќ“ ќе биде направена каде што има оштетувања, а во моментов се прави ссобраќајна студија за поставување на лежечки полицајци - изјави Дамјановски.

    Ќе се асфалтираат и реконструираат улици, распишан е тендер за потпорен ѕид во Гладно поле, ќе се градат  „Црнотравска“, „Перо Стојмановски“. Деновиве почнува ИПА проектот за реконструкција и изградба на канализациона мрежа околу 26 км, а во завршна фаза е тендерот за канализациона мрежа во село Речица преку ЕБРД. Во тек е постапка за довршување на канализациона мрежа во село Тромеѓа, Затворениот базен ќе биде пуштен во употреба во мај и ред други проекти.