Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за градоначалник на СДСМ Зоран Дамјановски, на синоќешниот мини-митинг во населбата Долно Којнаре вети изградба на стадион во новиот мандат, а на фудбалерите од фудбалскиот клуб „Којнаре„ им подари дресови.
Со тоа најави создавање на подобри услови за развој на спортот во општината.
Стадион ќе биде лоциран во близина на сточниот пазар, каде што општината има површина од 4 хектари. Со изградбата на спортскиот терен ќе создадеме услови за малите спортувања. На претседателот на клубот му подарувам дресови и се надевам дека на новиот стадион ќе постигнуваат успеси со кои сите ќе се гордееме- истакна Дамјановски.
Тој потсети дека во неговата програма, ставени се по неколку приоритети за секоја месна заедница, кои ќе бидат решени во првите две години во новиот мандат.
Во населбата Долно Којнаре предвидовме тоа да биде асфалтирање на улиците 2 и 3. Приклучување на канализациониот систем на главниот колектор. Истатака ќе се изградат и објекти за потребите на ЈП „Пазариште„ на сточниот пазар. Јас како граѓанин, а не како градоначалник, ќе учествувам и во изградбата на црквата која треба да отпочне да се гради во наредниот период -изјави Дамјановски.
Дамјановски се заблагодари на жителите на Долно Којнаре што дојдоа во толку голем број и ги повика на 24 март да му ја дадат подршката за да ги реализира предвидените проекти. На мини-митингот зборуваше и носителот на листата на коалицијата на СДСМ Максим Димитриевски и шефот на изборниот штаб Оливер Спасовски.