Даночен шалтер на УЈП повторно во Старо Нагоричане
30.05.2014 07:42
| KumanovoNews
Даночниот шалтер на УЈП на 24 јуни од 10 до 15 часот ќе биде пред зградата на Општина Старо Нагоричане.

Целта е преку мобилниот даночен шалтер УЈП да биде во контакт и да одговори на потребите на населението и бизнисмените онаму каде нема постојана канцеларија. Граѓаните ќе можат да достават даночни пријави и барања и да ги подигнат документите кои ги издава УЈП.
Во јуни мобилните даночни шалтери ќе посетат 12 населени места од кои повеќето се во рурална средина.