Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
“Алка кованица“ е новата збирка поезија на поетесата Дарка Георгиевска, која е во фаза на печатење.
Во најновата книга Георгиевска пишува за љубовта и го пренесува своето видување за општествените состојби.
Има малку песимизам и малку оптимизам. Насловот го избрав бидејќи зборот алка ме асоцира на среќа, а кованица на нешто убаво. Знаеме убаво е ковано злато, ковано железо, сребро. Има автобиографски елементи, а во некои делови им се обраќам на писателите и поетите. Има збирката убави пораки, има психолошка димензија, собрани се 57 песни - вели Георгиевска.
На Георгиевска ова и е трета збирка. Таа пишува и афоризми, но поради финансиски средства досега нив не ги објавила.