Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дваесет и едногодишниот Давид Марковски e еден од ретките млади кавалџии во Куманово, кој од заборав ја чува македонската изворна музика. Тој се вљубил во кавалот кога се зачленил во КУД „Панче Пешев“ и веќе 5 години е неразделен од него.
Го освоила милозвучноста на кавалот, а дарбата кон изворната музика ја наследил од своето семејство. Тој е четврта генерација на музичари кои ја негуваат народната традиција.
Како студент по информатика, по заморот од технологијата црпи сила и се опушта со својот омилен инструмент.
Ова исклучително момче, како и сите други млади луѓе, слуша и модерна музика, но за своја душа најмногу ги сака изворните македонски ора.
Давид ги повикува младите да ја чуваат од заборав народната традиција и македонскиот фолклор.