Дебата за квалитетот на образованието
Дебата на тема „Заслужуваме подобро образование!” утре ќе се одржи во комитет во 11.30 часот, организирана од здруженијата Центар за меѓуетничка толеранција и бегалци и Просветни работници Македонија.

На оваа јавна дебата говорници ќе бидат: Лидија Илијевска, професорка, Елизабета Секирарска, професорка и Сања Богатиновска, претседателка на ЏЕФ Македонија (Млади европски федералисти).
Ги покануваме и охрабруваме сите просветни работници, ученици, средношколци, студенти, родители и други заинтересирани граѓани да учествуваат на јавните дебати и преку дискусија да придонесат кон споделување идеи за подобро образование, какво што заслужуваат младите генерации - велат организаторите.
Во рамки на серијалот, јавни дебати ќе се одржат и во Битола и Скопје.