Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Децата од објектот “Пчелка“ при градинката “Ангел Шајче“ денеска на Градскиот плоштад ги цртаа убавините на Куманово и кумановско, откако во изминатите неколку дена во рамките на своите проектни активности посетиле повеќе знаменитости, излетничките места и спомениците во околината на градот.
Ова е само дел од интерната проектна активност “Убавините на мојот крај“. Ова го работиме во соработка со педагогот Виолета Стошевска. Прво теоретски ги запознавме децата со нашата татковина, географската карта, реките, градовите, границата, химната, грбот и знамето. Ја посетивме Стидена Вода, Кисела Вода, Спомен Костурница, Градски плоштад и денеска сме тука да цртаме. Тие го цртат она што најмногу им се допаѓа - вели Ленче Алексовска, воспитувач во “Пчелка“.
Таа објаснува дека детските цртежи во сликовница ќе му бидат однесени на градоначалникот и ќе побараат овие места да бидат поуредни, да не се уништуваат заради човечката негрижа.