×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Децата без родители чекаат згрижувачи

    15.09.2014 13:49 | KumanovoNews

    Стручни лица од Центарот за социјални работи Куманово денеска одржаа трибина на која објаснија кои се критериумите за згрижување на деца и поддршката која државата ја нуди за нив.

    Децата без родители чекаат згрижувачи

    За згрижување на деца од предшколска возраст месечно државата исплаќа  6750 денари, а за деца од школска возраст 7792 денари, плус детски додаток. За деца со пречки во развојот месечниот износ е 8832 денари и посебен додаток од 4600 денари плус детски додаток.

    „Згрижувач може да биде полнолетно лице, деловно способно, да има општа здравствена состојба, да не е постаро од 65 години и да постои разлика во возраст меѓу згрижувач и сместено лице од најмалку 18 години. Да не му е одземено или ограничено родителско право, да не му е изречена пресуда, да има станбени и материјални услови, степен на образование основно, средно или високо и да имаат поминато обука за згрижувач“ - изјави Наџије Мустафа од Центар за социјални работи Куманово.

    Пред присутните своето искуство го сподели Сузана Величковска, која има згрижено четири деца, а во изминативе четири години во нејзиното семејство поминале десет деца. Таа нема свои деца и станала згрижувач затоа што сака да одгледува деца, да им посвети љубов и внимание.

    “Првите деца кои сум ги згрижила уште на почеток кај мене се четири години. Многу сме блиски со нив. Тие се одлични ученици и за нивниот успех, за се она што сме го постигнале со нив и за нив многу придонесоа социјалните работници, Центарот за социјални работи и училиштето “Магдалена Антова. Овие деца се потешки за чување од другите деца бидејќи многу време поминувале сами. Тие се деца без родители или без родителска грижа“ - раскажува Величковска.

    Величковска се надева дека барем едно или две од децата кои ги згрижила ќе останат со неа на старост.

    Во Куманово има само седум згрижувачки семејства и целта е таа бројка во иднина да се зголеми.