Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Семејното насилство го пријавуваат роднини, соседи и пријатели, но не и самите деца кои се жртви на родителите. Првата детска амбасада во светот „Меѓаши„ соопштува дека децата се плашат да разговараат на таа тема што покажува и податокот дека само 8 деца се охрабриле да зборуваат на СОС телефонот.
Децата молчат и трпат насилство. Тие ретко го пријавуваат насилството бидејќи се плашат. Најчесто децата-жртви се плашат да ги пријават родителите насилници, бидејќи се доведува во прашање нивната иднина, сигурност и сметаат дека е подобро да бидат изложени на насилство отколку да бидат жртви на институционална нефункционалност-велат од амбасадата.
СОС телефонот за деца и млади функционира од октомври 1993 година и на него се регистрирани повеќе од 18.000 повици. Со само еден телефонски повик децата може да добијат помош и информации, стручен совет, психо-социјална поддршка или едноставно да разговораат за проблемите со кои се соочуваат.
На бесплатниот СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 работат стручни лица.